fbpx

Мицкоски: После таков скандал, Заев требаше да си даде оставка и да распише предвремени избори

-

Mислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже, требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден, да се одржат предвремени парламентарни избори, одговори лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со објавената снимка на „Јутјуб“ на која премиерот Зоран Заев разговара со руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), кои лажно се преставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна, бидејќи како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат, меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...