Македонија Кржаловски: Лекарите, професорите и полицајците се најкорумпирани

Кржаловски: Лекарите, професорите и полицајците се најкорумпирани

Ако корупцијата е помала од 5 отсто може да се сузбие, а истражувањата во државата покажуваат дека таа е над овој процент, вели Кржаловски

Kорупција во македонското општество е на загрижувачко ниво. Според методогија која се применува во цела Европска Унија, која ја мери не само перцепцијата, туку и реалното искуство на граѓаните, најкорумпирани професии се лекарите, професорите и полицајците, објаснува во интервју за „Инбокс7“, Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

– Виктимолошката анализа покажува дека само ако корупцијата е помала од 5 проценти може да се сузбие, а резултатите од истражувањето во сите области во државата покажуваат корумпираност поголема од 5проценти – вели Кржаловски за „Инбокс7“.