Свет Европа Крваво деноноќие во Источна Украина

Крваво деноноќие во Источна Украина

Најмалку 16 лица загинаа, а 114 се ранети во последните 24 часа во нападите на украинските сили на градовите во самопрогласената народна република Луганска.

Како што соопштија од луганското министерството за здравство, 13 цивили се убиени во Стаканов, две лица загинаа во Красњи Лич и едно лице во Луганск. Од министерството соопштуваат дека голем е бројот и на ранетите, меѓу кои има и деца.

Украинските сили соопштија дека во последните 24 часа се убиени тројца украински војници, а 15 се повредени на истокот на Украина.