Хроника Крвава пресметка во Велес

Крвава пресметка во Велес

Триесет и три годишниот Е.М. вчера во Велес, движејќи се со своето возило, бил пресретнат од Н.Н. (33) и почнале вербална расправија, која ескалирала во физичка пресметка.

Лицето Е.М. од возилото зело нож и му нанело тешка телесна повреда во пределот на слабината на Н.Н. Повредениот е пренесен во клиничката болница во Велес, а Е.М. е приведен и по целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.