Македонија Кризната состојба на границите поради мигрантите продолжува до крајот на годината

Кризната состојба на границите поради мигрантите продолжува до крајот на годината

Собранието денеска до 31 декември ја продолжи кризната состојба на јужната и северната граница, прогласена на 20 август 2015 година, поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ земјата.

Ова е осмо продолжување на рокот на траење на кризната состојба, во чии рамки границата, покрај граничната полиција, ја обезбедуваат и армиски сили, но и полициски сили од неколку европски држави.

Новата одлука за продолжување денеска ја разгледаа собраниските комисии за одбрана и безбедност и законодавно-правната комисија, а потоа беше прва точка на дневниот ред на 103. седница на Собранието.