Дописници Кривични пријави за убиство за учесниците во престрелката во Тетово

Кривични пријави за убиство за учесниците во престрелката во Тетово

Две лица на возраст од 22 и 30 години од тетовското село Голема Речица, заработија кривични пријави поради основано сомневање дека сториле кривично дело убиство, на 10 овој месец, во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово, кога смртно беше застрелан 22-годишен жител на Порој.

Дваесет и тригодишникот вчера е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово и определен му е 30-дневен притвор, додека по второто осомничено лице сè уште се трага. Во вооружената престрелка во објектот „Баркод“, едно лице го загуби животот, а единаесет беа повредени, од кои шест со прострелни рани. Мотивите и сè друго поврзано со овој немил настан кој заврши трагично, полицијата сè уште ги истражува.

З.Д.