Хроника Кривична за жител на Велешта што се обидел да си го убие...

Кривична за жител на Велешта што се обидел да си го убие братот

Струшката полиција поднела кривична пријава против 44-годишниот А.Н. од селото Велешта, осомничен дека кон крајот на минатиот месец со пиштол се обидел да го убие својот брат, информира полицијата.

Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена.

Според полицијата, инцидентот се случил на 22 февруари во Велешта, кога во расправија, осомничениот првин физички го нападнал својот брат Б.Н., а потоа кон него истрелал еден куршум од пиштол, што нелегално го поседувал. Осомничениот А.Н. веданш по пукањето избегал од местото, а неговиот брат бил пренесен во општата болница во Струга.

Полицијата, по двонеделна потрага, на 10 март, го пронашла и го привела А.Н.