Хроника Кривични пријави за пет лица осомничени за трговија со марихуана

Кривични пријави за пет лица осомничени за трговија со марихуана

Охридската полиција поднела кривична пријава против двајца охриѓани, еден жител од Делогожда и две лица од струшкото село Велешта, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, полициските инспектори ги затекнале пријавените при купопродажба на марихуана, што била претходно договорена.

Кај осомничените полицијата пронашла околу еден килограм марихуана. Дрогата, пријавените охриѓани, за сума од 550 евра, требало да им ја продадат на двајца од останатите осомничени.

Од полицијата информираат дека при претрес во домот на осомничениот од селото Делогожда, биле пронајдени околу 100 семки од растението канабис.