Хроника Кривична пријава за наркодилер од Кичево

Кривична пријава за наркодилер од Кичево

Непознат сторител на почетокот на април неовластено набавил едно пластично шише со метадон во течност и 30,24 грама марихуана, кои биле наменети за понатамошна препродажба на наркозависници, па ги сокрил во тоалет на угостителски објект во Кичево.

„Предметите се пронајдени по претходно добиени оперативни сознанија, по што се подигнати од полициските службеници и предадени за вештачење. Се работи на откривање и на пронаоѓање на сторителот, како и на целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Полициската станица во Кичево поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.