Хроника Кривична пријава за девет радовишани поради навреди и закани кон шумски полицајци

Кривична пријава за девет радовишани поради навреди и закани кон шумски полицајци

Девет жители на Радовиш се осомничени за спречување службено лице во вршење на службено дејство, односно дека навредувале и се заканувале на припадници на шумската полиција, кои сакале да одземат две запрежни коли, натоварени со нелегално исечени дрва.

Инцидентот за кој се товарат осомничените, се случил на 2 јуни годинава, на улицата Плачковица во Радовиш, каде двајца од осомничените биле затекнати како со две запрежни коли превезуваат огревно дрво, без документација.

При интервенцијата, на местото, според полицијата, се собрала поголема група луѓе, а откако пристигнала екипа на шумската полиција и сакала да ги одземе возилата, осомничените почнале да ги наведуваат и да им се закануваат по живот на полицајците.