Свет Критично важно е односите меѓу САД и Русија да се подобрат, смета...

Критично важно е односите меѓу САД и Русија да се подобрат, смета шефот на ЦИА

Директорот на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека од суштинска важност за глобалната стабилност е САД и Русија да ги подобрат меѓусебните односи.

Тој рече дека се залага за премостување на сегашната голема напнатост во односите меѓу Русија и САД.

Бренан во интервју за „Пи-би-си њуз аур“, исто така, оценил дека, според него, не постои основа за приказните за нова студена војна и додаде дека „навистина се надева дека е така“.

– И навистина се надевам дека односите меѓу Москва и Вашингтон ќе се поправат затоа што е од критична важност за глобалната стабилност САД и Русија да имаат подобри односи. Јас апсолутно го поддржувам тоа – рече Бренан.