Свет Европа Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Македонија, вели портпаролот на Путин

Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Македонија, вели портпаролот на Путин

Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Република Македонија по вчера одржаниот референдум за промена на името и членството на земјата во НАТО и ЕУ, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

– Ние сметаме дека безусловно сите процеси треба да останат во рамките на владеењето на правото и почитување на законите – рече Песков во изјава за медиумите во Москва, пренесува ТАСС.