Економија Кредитирањето на компаниите се намалува, а се зголемува на населението

Кредитирањето на компаниите се намалува, а се зголемува на населението

Намалување на кредитите за корпоративниот сектор и зголемување за населението е забележано во јули, објави Народна банка.

Резултатите од последната Анкета за кредитната активност за вториот квартал покажуваат дека кредитни услови и кај двата сектора се олеснети и има умерено нето-намалување на побарувачката на корпоративни и станбени кредити.

– Кредитната активност засега е во согласност со проекцијата, но имајќи ги предвид послабите остварувања кај депозитниот потенцијал и присутната неизвесност, постојат ризици околу динамиката на кредитната активност во следниот период – велат од Народна банка.