Дописници  Кражба во Шарената џамија во Тетово 

 Кражба во Шарената џамија во Тетово 

Непознати сторители извршиле кражба на парични средства во Шарена џамија во Тетово, утринава околу 3.45 часот.

Откако насилно ја отвориле дрвената кутија за доброволни прилози од верниците, поставена на sидот пред влезот на џамијата, одзеле околу 9.000 денари во разни апоени, а потоа незабележани од никого се оддалечиле.

Се преземаат мерки и активности за расветлување на случајот и за откривање на сторителите. Тетовската полиција веќе располага со првични сознанија за инволвираните во оваа кражба.