Галерија Кралеви, принцези, пеперутки и каубојци: Денот на шегата на скопскиот плоштад

Кралеви, принцези, пеперутки и каубојци: Денот на шегата на скопскиот плоштад

Маскирани дечиња од повеќе градинки и училишта учествуваа на манифестацијата „Априлијада“ на плоштад Македонија организирана по повод 1 април – Денот на шегата.

На манифестацијата настапуваа фолклорни групи, децата од Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Вечерната забава ќе почне во 21 часот, а на плоштад Македонија ќе настапат Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Сашо Гигов –Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, Групата „The noise makers“ и диџеи.