Свет Балкан Крајбрежната стража на Турција пресретнала чамци со 350 мигранти

Крајбрежната стража на Турција пресретнала чамци со 350 мигранти

Турската крајбрежна стража пресретнала 350 мигранти во пет чамци, кои во неделата се обиделе да стигнат до грчкиот остров Лезбос, јавуваат турските медиуми.

Патролниот брод ги забележал чамците во близина на градот Дикили, во покраината Измир, на северозападот на Турција.

Патниците, од кои повеќето од Мјанмар се вратени на турскиот брег и се префрлени во полициска станица.

– Во нашата земја се вршат масакри врз муслиманите – рекол еден од мигрантите, кој објаснил дека сиромаштијата и опасноста по живот ги тераат да ја напуштат земјата.

Муслиманите се малцинство во Мјанмар и често се жртви на дискриминација и меѓуетничко насилство.