Свет Балкан Крај на големите забави на плажа на грчките острови?

Крај на големите забави на плажа на грчките острови?

Грчкото министерство за финансии забрани секаков вид забави на плажа, концерти и музички настани низ островите во Грција. За зачувување на јавниот ред и мир, од министерството е испратен документ до сите општини на островите, бизнисмени и до крајбрежната стража, со кое јасно се забранува секаков вид забава на плажа.

Како што пренесува весникот „Параполитика“, министерството бара од општините, ако забележат подготовка за забава на плажа, поставување големи звучници, веднаш да ги известат властите за тоа. Се посочува дека осветлувањето на брегот мора да биде многу дискретно, а се забранува поставување звучници на плажите и не се дозволува погласна музика од 50 децибели.

Одлуката се очекува да предизвика големи реакции, особено на туристичките точки како Миконос, познати по целоноќните забави.