Свет Балкан Коѕиас идната недела во Косово, Албанија и во Босна

Коѕиас идната недела во Косово, Албанија и во Босна

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас планира втора тура на Балканот.

Идната недела Коѕиас ќе оди во посета на Косово, Албанија и на Босна, односно државите што ги заобиоколи при јунската посета кога дојде само во Македонија, Србија и во Црна Гора.

Како што информираат од грчкото министерство за надворешни работи, Коѕиас на 14 јули ќе оди за Приштина, каде ќе се сретне со косовскиот премиер Иса Мустафа и со вицепремиерот и министер за надворешни работи, Хашим Тачи.

Од Косово, Коѕиас ќе замине во Тирана, на средби со целиот државен врв. Во Тирана ќе го дочекаат министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, премиерот Еди Рама, како и претседателот Бујар Нишани, а ќе оствари и средби со првиот човек на собранието и со лидерот на опозицијата. Оттаму ќе замине за Босна.

По враќањето од вториот дел од балканската турнеја, на 22 јули Коѕиас ќе го свика Советот за надворешна и безбедносна политика, на кој ќе се разговара за случувањата во Југоисточна Европа.