Економија Kована пара „Мајка Тереза“ за колекционерски цели е пуштена во оптек

Kована пара „Мајка Тереза“ за колекционерски цели е пуштена во оптек

Народна банка издаде и пушти во оптек кована пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“.

Народната банка ја издаде оваа кована пара по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица кое е предвидено за септември оваа година.

Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.