Македонија Ковачи е нов в.д. директор на „Улици и патишта“, Арсовска го разреши...

Ковачи е нов в.д. директор на „Улици и патишта“, Арсовска го разреши претходниот

Новиот в.д. директор Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на Општина Сарај

фото: Град Скопје

Разрешен е в.д директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, Саид Саид, а на негово место сега за нов в.д директор е назначен Ќамил Ковачи. Оваа информација попладнево ја соопшти Град Скопје.

На директорското место во „Улици и патишта“ Саид дојде во септември минатата година, а претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.

Новиот в.д. директор Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на Општина Сарај. Тој претходно раководел со други институции – Јавното комунално претпријатие „Сарај“ и Психијатриската болница Скопје.