Македонија Ковачевски пречека коледарчиња: Убавата песна ни донесе радост во домот, честит Бадник

Ковачевски пречека коледарчиња: Убавата песна ни донесе радост во домот, честит Бадник

Фото: Принскрин од видеото споделено од Димитар Ковачевски

Утрово убавата коледарска песна ни донесе радост во домот. Ова се убави денови во кои е испреплетена традицијата, љубовта, верба во добрината, милостивоста, напиша на својот фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.

„Честит Бадник! Најрадосниот христијански празник да го дочекате во радување, сплотени, со желба оваа година да бидеме сите ние подобри и поуспешни и да придонесуваме заеднички за напредок на земјата“, посака премерот во објавата.