Македонија Коцијанчиќ: Снимките ги потврдуваат стравовите на ОБСЕ/ОДИХР

Коцијанчиќ: Снимките ги потврдуваат стравовите на ОБСЕ/ОДИХР

Портпаролката на Јоханес Хан, еврокомесарот за претпристапни преговори, Маја Коцијанчиќ, денеска ја пренесе обновената позиција на Хан за случувањата во Македонија, по аферата „Прислушување“.

„Веќе ја изразивме нашата длабока загриженост за тоа што се обелоденува во земјата околу мешањето во судски случаи, слободата на медиумите и, сега, за изборни нерегуларности. Очекуваме од институциите во земјата да си ја вршат работата и да ги одбранат фундаменталните вредности – сега. ОБСЕ/ОДИХР во набљудувањето на претходните избори изрази загриженост за нејасната граница меѓу државата и партијата, заплашувањата на гласачите и за пристрасните медиуми. Последните сознанија од прислушуваните разговори се чини дека ги потврдуваат тие стравови, кои би биле длабоко вознемирувачки. Очекуваме од одговорните тела да ги истражат овие наводи веднаш, транспарентно, на независен, непристрасен и на кредибилен начин. Европската комисија повторува дека јавните функционери треба да се однесуваат одговорно и да преземат одговорност за своите акции“, вели Коцијанчиќ.

Т.М.