Главна секција Коцијанчич: Законот е повлечен, а партиите побргу да се согласат за изборните...

Коцијанчич: Законот е повлечен, а партиите побргу да се согласат за изборните реформи

Европската комисија денеска им порача на политичките партии во Македонија што поскоро да постигнат договор за изборниот закон.

– Комисијата го разбира фактот дека партиите не успеале да постигнат договор за изборните реформи, но разговорите ќе продолжат денеска. Комисијата одблизу ќе го следи развојот на настаните и очекува партиите да постигнат договор што е можно поскоро – изјави Маја Коцијанчич за „Мета“.

Од Еврокомисијата не сакаа да го коментираат предлог-законот за забрана за „бомбите“ ниту, пак, шпекулациите дека еврокомесарот Јоханес Хан синоќа телефонски разговарал со лидерите на партиите.

– Комисијата знае дека предлог-законот е повлечен од Собрание – соопшти Коцијанчич.