Свет Европа Коцијанчич: Претпристапниот дијалог помеѓу ЕУ и Македонија не е замрзнат!

Коцијанчич: Претпристапниот дијалог помеѓу ЕУ и Македонија не е замрзнат!

Претпристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) помеѓу Македонија и ЕУ продолжува на техничко ниво, велат од Европската комисија, по пишувањата во македонските медиуми дека тој процес е замрзнат.

– Претпристапниот дијалог продолжува на техничко ниво. Засега нема планови за пленарна средба помеѓу еврокомесарот и премиерот – изјави Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан.

Претпристапниот дијалог на високо ниво почна во март 2012 година и е алатка за одржување на темпото на европските реформи во Македонија.