Главна секција Коцијанчич по одлуката на СДСМ: Секоја партија си е одговорна за своите...

Коцијанчич по одлуката на СДСМ: Секоја партија си е одговорна за своите потези

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска изреагира на одлуката на опозициската партија СДСМ да го замрзне своето учество во Собранието сè додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на СЈО.

– Партиите се самите одговорни да ја донесат нивната земја назад на евроатлантскиот пат. Политичката криза почна да има негативни последици за земјата и за нејзината евроатлантска иднина. Ова не е вообичаено и секое понатамошно недејствување ќе има последици. Конкретните резултати и робустните реформи во следните недели ќе бидат клучни за тоа дали Европската комисија ќе ги повтори своите препораки во следниот годишен извештај – изјави Коцијанчич за „Мета“.