Македонија Коцијанчич: Денеска да се договори законот за избори

Коцијанчич: Денеска да се договори законот за избори

Европската комисија денеска ги повика потписниците на Договорот од Пржино веднаш да се договорат за изборните реформи.

– Европската комисија жали што партиите не успеале да ги финализираат изборните реформи, и покрај направениот прогрес на состанокот на работните групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии денеска да постигнат договор. Изборите се приближуваат. Затоа изборниот закон треба да биде усвоен што е можно поскоро и да почне неговата имплементација, имајќи предвид дека изборите се во април – изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот Јоханес Хан.

Од ЕУ, сепак, не сакаа да ги коментираат информациите дека денеска, преку својот претставник во Македонија, на политичките партии ќе им достават подготвен закон за избори.