Македонија Котевски: Ангажиравме „соодветен број“ полицајци за протестот

Котевски: Ангажиравме „соодветен број“ полицајци за протестот

„Соодветен број полициски службеници“ ќе бидат ангажирани  од Министреството за внатрешни работи (МВР) за обезбедување и за одржување на редот и на мирот на денешниот голем митинг во Скопје, изјави за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски.

На булеварот Партизански одреди може да се забележи конвој од полициски оклопни возила како се движат кон центарот на градот.

Котевски за „Мета“ потврди дека станува збор за „дел од мерките за обезбедување на собирот“.

Тој не сакаше да потврди, но извесно е дека покрај редовните, ќе бидат ангажиран и припадници на специјалната полициска единица.