Економија Костадиновски го демантира Николовски за „Јапонска помош“

Костадиновски го демантира Николовски за „Јапонска помош“

Заминик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, денеска во Пехчево ги демантира обвинувањата што ги изнесе дополнителниот заменик-министер во оставка, Љупчо Николовски, за злоупотреби на јапонската помош за земјоделска механизација.

– Немајќи идеи и понуда со конкретни проекти за подобрување на животот на земјоделците или состојбата во земјоделството, Николовски изнесе обвинувања за работи направени во време на министерот Славко Петров. Нормално, мора и ќе има одговорност за тие предмети за кои истрагата ќе утврди дека имало пропусти, а впрочем, за надминување на тој проблем – изјави Костадиновски.

Тој додаде дека сите што во претходниот период немале можност да ги отплаќаат долговите, ќе бидат повикани во соодветна постапка да ги порамнат своите долгови со субвенциите што ги остваруваат.
– За криминалот што го спомнува дополнителниот заменик-технички министер во оставка, го упатувам малку да пролиста, да види во нивното време како се доделуваа земјоделските машини, без каква било основа и каков било акт и во таа смисла се доведувани во заблуда и на неоснован начин во нерегуларна постапка да бидат доведени во тешка состојба – рече Костадиновски.