Свет Балкан Косовскиот суд осуди поранешен член на ИД

Косовскиот суд осуди поранешен член на ИД

Основниот суд во Гњилане го осуди обвинетиот Ф.Б. на три години затвор, откако тој целосно ја призна вината.

Албанецот Ф.Б. е прогласен за виновен затоа што на 17 февруари 2015 година се приклучил на меѓународната организација Исламска држава, се наведува во соопштението на судот.

Тој минал низ теоретски и практичен тренинг за употреба огнено оружје „AK-47“ и на рачни бомби, се додава во соопштението, и со тоа извршил кривично дело „организирање и учество во странски терористички организации“.

Обвинетиот од денеска се наоѓа во притвор.