Свет Балкан Косовската претседателка обединувањето на Албанците го гледа единствено преку ЕУ

Косовската претседателка обединувањето на Албанците го гледа единствено преку ЕУ

Косовската претседателка, Атифете Јахјага, обединувањето на Албанците го гледа единствено во Европската унија.

Според неа, влезот во ЕУ подразбира обединување не само меѓу Албанците, туку меѓу сите народи на Балканот кои се стремат кон европската интеграција.

– Интегрирањето во ЕУ ќе го означи и обединувањето со идејата и со душата на политичката и на економската слобода, рамноправност и соработка меѓу сите народи, вклучувајкќи го и народот на Косово, како нераскинлив дел – изјавила Јахјага за „Данас“.

Таа искажала убеденост дека ЕУ не е целосна без членството на сите земји од регионот на Балканот, вклучувајќи го и Косово.