Свет Балкан Косово: Нападнати активисти на Самоопределување

Косово: Нападнати активисти на Самоопределување

Опозициската партија на Косово, Движење за самоопределување, јави дека синоќа околу 21.20 часот четири лица, вооружени со ножеви, нападнале активисти на партијата во Приштина.

– Двајца од напаѓачите биле синовите на Сабит Геци (поранешен борец на ОВК), Албан и Куштрим Геци, кои имаат кривични досиеја. Полицијата ги уапси двајцата, а другите двајца побегнале. Двајцата активисти на Движењето кои се избодени со нож се пренесени во Клиничкиот центар Косово – стои во соопштението на Движењето за самоопределување.

Косовската полиција го потврди инцидентот.