Македонија Координативен состанок за мигрантите

Координативен состанок за мигрантите

Во Гевгелија се одржа состанок на регионалниот штаб на Центарот за управување со кризи, на кој присуствуваа директорката на главниот штаб на Републичкиот центар за управување со кризи, Сузана Салиу, и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, како и претставници на УНХЦР, на Црвениот крст и на други институции вклучени во справувањето со бегалската криза.

По информацијата за состојбата и за активностите во прифатниот камп за мигранти во Гевгелија, на состанокот беа посочени подготовките што се прават за претстојните зимски услови. Беше речено веќе бил поставен голем шатор на невладината организација „Хабитат“ на влезот од центарот, а уште еден ќе биде поставен кај железничката платформа. УНХЦР ќе постави уште три големи шатори.

Од денеска ќе профункционира интернет-врската во Центарот за побрза евиденција и за пропуштање на мигрантите.