Подглавна секција Контраспин: Заев не може да гарантира фер и транспарентни судски постапки

Контраспин: Заев не може да гарантира фер и транспарентни судски постапки

При неодамнешниот настап на лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев на „Маршот за правдата“ може да се забележи следниот спин „Сите предмети (на СЈО – н.з.), ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки“, пишува „Вистиномер.мк“.

Според духот на кажаното од Заев, од моментот на усвојувањето на новиот Закон за ЈО (со што се распушти Парламентот), целата одговорност натаму е на судиите и на обвинителите. Но, токму тука лежи и извртувањето на вистината.

Прво, не може политичар (од извршната власт), да гарантира дека ќе има фер и транспарентна постапка за предмети од СЈО, само врз основа на законско решение.

Второ, самиот законодавец – Владата како предлагач и Парламентот како пропишувач на Законот,  во член 110 ја поставил дилемата. Читајќи го членот сосема е јасно дека едни предмети имаат еден третман, други друг, трети трет, односно за првите се признаваат „бомбите“ за докази, за вторите само како индиции, а за предистрагите не се ни дозволени.