Подглавна секција „Контраспин“: ВМРО-ДПМНЕ не може да освои две третини од пратениците

„Контраспин“: ВМРО-ДПМНЕ не може да освои две третини од пратениците

Секое споменување и повикување на две третини од пратеничките места за ВМРО-ДПМНЕ, за потоа тие да направат „чекор назад во однос на Преспанскиот“, што се разбира не значи и „враќање на името“, е чист спин, пишува „Вистиномер.мк“.

Спинот е насочен само кон мобилизација на гласачкото тело, кое од објективни или субјективни причини е неинформирано и слепо верува на одредени неспроведливи мантри од опозициската политичка елита

„Тоа што сме го кажале во минатото многу пати, и сум го кажувал и јас – доколку имаме две третини од бројот на пратениците во македонското Собрание, тоа е единствениот начин да се создаде можност за чекор назад поврзан со Преспанскиот договор. ДА, ако тоа е вашето прашање да, еве, јас ќе потврдам,“ одговори Мицкоски во интервју за веб-телевизијата „Слободна ТВ“ на прашањето на новинарот дали ќе се доведеме во ситуација ако освои ВМРО-ДПМНЕ две третини од пратениците да го променат Преспанскиот договор.

Основата на спинот не е во тоа дaли тие тоа реално го мислат и го сакаат, туку дека едноставно е невозможно да го сторат. И не поради сложеноста на постапките и процедурите во земјата и надвор, не поради праксата која покажала дека еднаш променета реалност тешко, или речиси никако, не се враќа назад за толку брзо време.

Невозможноста за ВМРО-ДПМНЕ да го стори тоа произлегува од едноставнот факт дека е невозможно да освојат две третини од пратениците, па ако ни е дзволено да карикираме, дури СДСМ да реши да ги бојкотира изборите!

Ова го покажува расположението на избирачкото тело на сите редовни и предвремени парламентарни избори во земјата од 1991, до последните во 2016, но и на претседателските.

Целиот текст можете да го прочитате на овој линк.