Главна секција Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните...

Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови

Вечерва во Кабинетот на Претседателот се одржa средба на експерти по право и уставно право, по барање на политичките лидери кои присуствуваа на лидерската средба претходно во текот на денот, а со цел да се утврдат правните аспекти на одлуката за одложување на изборите закажани за 12 април оваа година.

На средбата се дискутирало за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови.

На состанокот присуствуваа универзитетските професори, проф. д-р Светомир Шкариќ, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, проф. д-р Рената Дескоска, проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, проф. д-р Јетон Шасивари, доц. д-р Александар Љ. Спасов и доц. д-р Денис Прешова кои ги разгледуваа правните аспекти за одложување на парламентарните избори закажaни за 12 април.

На средбата беа присутни и претседателот на СобраниетоТалат Џафери, како и претседателот на владата, Оливер Спасовски.