Македонија Коњите во скопската Зоолошка градина се отруени со брзоделувачки отров

Коњите во скопската Зоолошка градина се отруени со брзоделувачки отров

Од Зоолошката градина го осудуваат срамниот и кукавички чин и апелираат до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот

Фото: Image by Petra from Pixabay

Трите сортни коњи кои угинаа на крајот од јули годинава во скопската Зоолошка година се отруени со брзоделувачки отров, информираа денеска од ЈУ Зоолошка градина на град Скопје.

„Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери. Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот“, стои во соопштението од скопската Зоолошка градина.

Инаку, угинувањето се случи на 30 и 31 јули годинава. Најпрво на 30 јули беа пријавени два загинати коњи, а еден подоцна почина и третиот како последица на труењето. Станува збор за три коњи донација од австриски национален парк, со потекло од Монголија.

Угинувањето на коњите веднаш беше пријавено и во полиција од страна на скопската Зоолошка градина, под сомнеж дека станува збор за труење. Вработените сведочеа дека сè се случило премногу брзо, во околината кога се случило труењето немало никаква друга храна, коњите не давале знаци на болест претходно, а во близина имало и угината птица.

Угинаа два коња во скопската зоолошка, сомнежите се дека биле отруени

Угина и третиот коњ од скопската зоолошка, донација од австриски национален парк