Главна секција На конгресот на СДСМ усвоени листите за пратеници

На конгресот на СДСМ усвоени листите за пратеници

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва на конгрес во хотелот „Александар палас“, со 597 гласови „за“, еден „против“ и со 24 воздржани, ги усвои кандидатските листи за пратеници за претстојните вонредни парламентарни избори што ќе се одржат на 11 декември.

Носители на листите се поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во првата изборна единица, актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во втората изборна единица, во третата изборна единица – дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во четвртата изборна единица, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во петтата изборна единица и портпаролот на партијата, Петре Шилегов, во шестата изборна единица.