Македонија Конференција за ретки болести во МАНУ

Конференција за ретки болести во МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ја организира шестата конференција за ретки болести, на која учествуваат педијатри, интернисти, невролози, нефролози, лекари за семејна медицина, генетичари, биохемичари, биолози, лекари од Македонија и од Југоисточна Европа.

Од МАНУ истакнуваат дека благодарение на ваквите состаноци, на кои се прави размена на искуства и сознанија, повеќе болести што порано не се лекуваа во земјата сега се лекуваат.

Поддржувачи на конференцијата се Македонското лекарско друштво и Лекарската комора на Македонија.