Економија Конференција за арбитражата во Македонија

Конференција за арбитражата во Македонија

Стопанската комора на Македонија денеска организира конференција на тема „Арбитражата во Република Македонија – Предизвици за развој“.

Како што се наведува во соопштението, конференцијата ќе се фокусира на идентификување на состојбата во арбитражното решавање на споровите во Република Македонија и на предизвиците за унапредување и за развој на арбитражниот механизам за решавање спорови во македонскиот правен систем.