По насилните демонстрации во главниот град Уагадугу, претседателот на Буркина Фасо, Компаоре, ја укина вонредната состојба воведена вчера. Тој ја распушти владата за да се обезбедат услови за демократски промени. Вети и разговори со опозицијата.
Демонстрантите вчера влегоа во парламентот и го запалија. Бараат прекинување на парламентарните избори кои за „вечниот претседател“ Компаоре би значеле петти мандат на таа функција.
Опозицијата соопшти дека во нередите во земјата биле убиени најмалку 30 луѓе.