Економија Компаниите извршиле градежни работи во странство во вредност од 15 милиони евра

Компаниите извршиле градежни работи во странство во вредност од 15 милиони евра

Во првите шест месеци од годинава, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.583.557.000 денари (42.009.056 евра) што е за 21,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во овој период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 961.396.000 денари (15.632.455 евра) што е за 11 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и во Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.