Македонија Комисијата за импичмент на Иванов денеска треба да поднесе извештај до Собранието

Комисијата за импичмент на Иванов денеска треба да поднесе извештај до Собранието

Денеска е последниот рок во кој Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, треба да поднесе извештај за работата и да каже дали предлогот за импичмент на Иванов е основан.

Собраниската седница е закажана за 11 часот.

На последната седница пратениците од СДСМ побараа претседателот на комисијата, Зоран Илиоски, да го повика Иванов на седница за да одговори на прашањето дали одлуката ја донел под притисок и да расправаат за мотивите поради кои ја донел одлуката за 107 аболиции за 56 лица.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека немаат мандат да расправаат за мотивите, туку за тоа дали
Иванов ги прекршил Уставот и законите.

Откако Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Иванов ќе поднесе извештај, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, има една недела за да закаже седница на која пратениците ќе дебатираат за извештајот.