Македонија Комесарот за национални малцинства на ОБСЕ ја посети Агенцијата за остварување на...

Комесарот за национални малцинства на ОБСЕ ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Фото: АОПЗ

Високиот комесар за национални малцинства на Органицазијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), Каират Абракхманов и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клемен Која денес беа во официјална посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Во рамките на оваа посета, Абракхманов и Која одржаа значаен и конструктивен состанок со директорот на АОПЗ, Еран Куртиш. На средбата се разговараше за проблемите и придизвиците со кои се соочува АОПЗ како и за плодната соработката која ја има Агенцијата со Мисијата на ОБСЕ во Скопје што трае веќе неколку години.

Високиот Комесар ја истакна значајната улога која ја има Агенцијата во однос на припадниците на заедниците како и потребата за  унапредувањето на правата на
заедниците кои живеат во Р.Северна Македонија.

На крајот на средбата беше нагласено дека Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да биде силна подршка на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.