Галерија Охрид: „Кој фрла ѓубре е магаре“

Охрид: „Кој фрла ѓубре е магаре“

Првомајските празници ја оставија вообичаената слика на охридското крајбрежје: свежи отпадоци, пластични шишиња, кеси, стари душеци, тоалет-хартија, храна…

Годинава сезоната со убавото време за Велигден и за 1 Мај како да почна парано, плажите се полни со гости и со охриѓани кои се релаксираат на благото сонце.

Факт е дека на плажите нема написи „Забрането фрлање отпадоци“, но зарем стигнавме до таму некој да нè потсетува дека не треба да го правиме тоа.

Комбинацијата од некултура, бесчувствителност на посетителите и неангажираноста на локалната самоуправа го гнаси брегот.

„Мета“ предлага наместо натписи „Забрането фрлање отпадоци“, Општината или локалните „зелени“ да стават транспаренти „Кој фрла ѓубре е магаре“.