Хроника Кочанка го пријавила чичко ѝ за сексуален напад

Кочанка го пријавила чичко ѝ за сексуален напад

Дваесет и едногодишна жена вчераутро во кочанската полиција пријавила сексуален напад од нејзиниот чичко, информира полицијата.

Како што информираат оттаму, таа пријавила дека вчера, околу 3 часот, во соба влегол нејзиниот чичко, на возраст од 23 години, кој заканувајќи ѝ се со нож дека ќе ја убие неа и нејзините малолетни деца, почнал сексуално да ја малтретира.

Кратко време по пријавата, осомничениот бил приведен во полициската станица во градот, каде бил извршен разговор со него.

Екипа на кочанската полиција извршила увид на местото од каде се подигнати траги и, како што информираат од МВР, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.