Подглавна секција Кочанчанец си повлекол пари од туѓа дебитна картичка

Кочанчанец си повлекол пари од туѓа дебитна картичка

Кривичната пријава е поднесена поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“

Фото: Мета.мк

Одделението за внатрешни работи во Кочани, поднесе кривична пријава против Р.А. (56) од овој град бидејќи од туѓа дебитна картичка вадел пари од банкомат.

„Кривичната пријава е поднесена поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 01.06.2023 во еден наврат неовластено навлегол во трансакциска сметка на П.К. од Кочани, со намера за искористување на нејзините податоци заради прибавување на против правна имотна корист, така што откако претходно ја обезбедил банкарската дебитна картичка од банкомат во трговскиот центар во Кочани, повлекол парични средства“, наведено е во информацијата од Министерството за внатрешни работи.