Спорт Коби Брајант рекордер по промашувања

Коби Брајант рекордер по промашувања

Коби Брајант

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, почна да руши и негативни рекорди. Тој од синоќа е рекордер по промашени шутеви во НБА-лигата.

Брајант во поразот на Лејкерс од Мемфис го сруши негативниот рекорд кој досега го држеше легендата на Бостон, Џон Хавличек, промашувајќи по 13.418. пат во кариерата. Натпреварот го заврши со 28 поени, седум скокови и со шест асистенции.

– Јас сум бек и стрелец кој игра во оваа лига веќе 19 години. Значи, бек и стрелец – 19 години – истакна Брајант, алудирајќи дека не е ништо страшно што го соборил негативниот рекорд.