Свет Коалициските сили денеска извеле 23 напади врз позиции на ИД во Ирак...

Коалициските сили денеска извеле 23 напади врз позиции на ИД во Ирак и во Сирија

Коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) денеска извршиле 18 воздушни напади на позиции на Исламска држава (ИД) во Ирак и на пет во Сирија, соопшти командата на здружените сили, јавуваат светските агенции.

Според информациите, во Ирак биле гаѓани девет градови, вклучувајќи ги Синџар, Мосул, Кисик и Рамади. Во нападите било уништено тешко оружје, борбени позиции и возила на милитантите на ИД.

Во Сирија, цел на воздушните напади биле позиции на ИД во Абу Камал, Алепо и во упориштето на екстремистите, Рака.

Во меѓувреме, Пентагон потврди дека во нападите на коалициските сили, во северозападниот дел на Сирија пред два дена бил убиен еден од високите команданти на сирискиот разгранок на Ал каеда, фронтот Ал нусра.

Станува збор за саудскиот државјнин Санафи ал-Наср, кој, според Пентагон, е долгогодишен џихадист, искусен во собирањето пари и во регрутирањето борци за терористичката организација.