Култура Книжевното творештвo на меѓународни саеми на книга

Книжевното творештвo на меѓународни саеми на книга

Mакедонското  книжевно  творештво ќе биде претставено на меѓународните саеми на книгата во Франкфурт, Софија и во Истанбул.

Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржи во периодот од 14  до 18 октомври, е најзначаен меѓународен саем на книгата во светски рамки со застапеност на речиси сите значајни субјекти во издавачката дејност, како и на сите релевантни институции поврзани  со издаваштвото, фондови за превод и за публикување, национални штандови, библиотеки итн.

Во периодот од 7 до 15 ноември, Здружението на албански издавачи и Сојузот на албански издавачи ќе ја претставуваат Македонија на 34. Саем на книгата во Истанбул.

На оваа најзначајна саемска манифестација во регионот, на која присуствуваат издавачи од целиот свет, ќе бидат презентирани дела од најпознатите македонски и албански автори, како и дела на автори од другите националности.