Дописници Книгата на Димитар Мирчев денеска пред кочанчани

Книгата на Димитар Мирчев денеска пред кочанчани

Новата книга на проф. д-р Димитар Мирчев, „Идентитет и суверенитет“, ќе биде промовирана во Кочани. Клубот „Ротари“ од Кочани и книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје ја организираат промоцијата во соработка со Библиотеката „Искра“ – Кочани, денеска во 14 часот. Промоцијата ќе биде можност и за отворена трибина со граѓаните на истата тема.

Промотори на делото ќе бидат Бранко Цветковски и Братислав Ташковски.

Ова е трета книга на Мирчев, во која се пишува за процесот на независност и за македонскиот национален идентитет, за кој тврди дека не е целосно признаен. Неговите тези во книгата ги поткрепува со анализа на документи од американски, германски, француски и од други извори од 18 и од 19 век.